Овен
Запомнете, Овенот мора секогаш да ви биде приоритет и мора да биде во центарот на вашето внимание. Ако тој си помисли дека не ве привлекува, спремен е и да ја прекине врската. И никогаш, баш никогаш немојте да го споредувате Овенот со други партнери со кои сте биле порано, колку и да сте лути, бидејќи за такво нешто потоа може вечно да ви префрла.
Бик
Никогаш не го лажете Бикот. Малите лаги се една работа, но Бикот секогаш ја цени искреноста. Можете да бидете таинствени само ако се во прашање мали работи, но за битните тој очекува потполна отвореност.
Близнаци
За Близнакот важи фразата „што му е на ум, тоа на друм“. Истото тоа го очекува и од вас. Немојте да останувате недоречени и секогаш објаснувајте му доколку нешто не ве разбрал. Освен тоа, мора да бидете подготвени на промени, на адаптација, на компромиси и никако не смеете да бидете посесивни. Близнакот не смее да почувствува дека слободата му е ограничена.
Рак
Ако ги повредите чувствата на Ракот, тешко дека ќе ви прости, овој знак сè си зема при срце. Не смеете да го заборавите неговиот роденден или да го запоставите на забава. Нему му е потребна нежност која и самиот ја дава за возврат. И колку и да сте нервозни, немојте да му се истресете нему – кога еднаш ќе го нападнете, тој ќе се повлече на подолг период.
Лав
На Лавот му е потребен партнер покрај кого ќе изгледа убаво. Не смеете да го посрамотите во јавност на никаков начин. Освен тоа, Лавот сака да се чувствува дека е главен, дури и кога не е. Дополнително со него не смеете да го користите сексот како систем за наградување и казнување. Никако!
Девица
Девицата ја одбива неуредност. Неуреден дом или неуреден стан се големи минуси за вас кај неа. Исто така, се ужасува од негативност, па потрудете се да не бидете во нејзино друштво кога сте во „жолта минута“.
Вага
Никој не е подобар од Вагата во познавање на суптилноста на меѓучовечките односи. Затоа со грубост и нечувствителност ќе предизвикате остра реакција кај неа, бидејќи хармонијата и привлечноста се работи кои многу ги цени. Избегнувајте груби шеги и немојте да бидете нападни, ниту да гледате само за себе.
Скорпија
Никако не смеете да ја изневерите довербата на Скорпијата. Ако била многу пати во минатото изневерена, Скорпијата однапред ќе очекува од вас дека и вие ќе го направите тоа (затоа често ве обвинува дека ја изневерувате или дека сакате тоа да го направите). Ако не сакате да ве остави, бидете директни и останете посветени.
Стрелец
Посесивност, љубомора и константно проверување – ова Стрелецот го сфаќа како загрозување на неговата слобода, една од најважните работи за него. Верувајте му на својот Стрелец и кога ќе задоцни или ќе излезе без вас. Ако забележи дека го притискате, ќе ви побегне.
Јарец
Иако Јарците не покажуваат чувства многу експлицитно, и тие можат лесно да бидат повредени, особено ако се работи за нивното достоинство. Не зборувајте за вашиот заеднички приватен живот пред колегите на Јарецот и во никој случај не флертувајте со други во негово присуство. Покрај тоа, бидете свесни дека на Јарците им треба време да ги обработат работите пред да донесат одлука, па немојте да ги брзате, покажете трпение.
Водолија
Водолиите се заговорници за зачувување на природата и сакаат животни. Затоа немојте да фрлате цигари на улица во нивно присуство, а не ни помислувајте да бидете лоши кон некое животно. Тоа Водолијата веднаш ќе ја извади од такт.
Риби
Рибите се дарежливи, но не сакаат некој да ги искористува. Ако вашиот партнер ве извел на вечера во скап ресторан, барем еднаш направете го истото за него и оддолжете му се. Ако секогаш тој готви, вие измијте ги садовите. Исто така на Рибата ѝ пречи ако не верувате во истите работи како неа и доколку не знаете да гледате подлабоко на работите.