Што му се допаѓа на момчето кое ве интересира или на вашиот партнер? Секој не е лесен за освојување, и кај секој знак „палат“ различни пристапи. Но, на крајот, секако ќе ви се исплати бидејќи секој од нив е подготвен да даде љубов и внимание и да жртвува одредени важни нешта во својот живот за девојката која ќе му го освои срцето.
Овен
Иако е импулсивен, заради вас е во состојба да заборави на обврските и договореното, да откаже патување, па дури и спортски натпревар. Не чека да го забележите, туку веднаш ви „боде очи“, особено ако делувате како неосвоива тврдина. Тогаш постанува најшармантниот и најдуховитиот дечко во друштвото, бидејќи сака да имате очи само за него и дрско ќе ве гледа, нестрплив како дете кое очекува чоколадо за подарок.
Тој е практичен и сентиментален, па не постои нешто што нема да стори за вас, а притоа не морате ни да го прашате, бидејќи тој сѐ гледа и покажува на дело, иако не е многу романтичен на зборови. Ако сте вие мелодијата за неговите уши, ќе ви приреди незаборавна вечера со музика и свеќи, храна и цвеќиња кои ги сакате, подарок од кој ќе снемате воздух, додека тој ќе ужива во погледот кој нема да можете да го тргнете од него.
Близнаци
Ако сте доволно креативни и интересни, а истовремено и таинствени, веќе сте му ја пробудиле желбата да ве импресионира. Ќе се сосредоточи исклучиво на вас и на вашите желби, ќе ви биде постојано зад петиците и ќе ви приредува мали изненадувања, па ќе ве покани да излезете на некое ново место, можеби на филм или на театарска претстава. Кога ќе помислите дека тоа е сѐ, ќе извлече џокер од ракавот и ќе ве одведе на патување.
Рак
Тој е сентиментален и ќе падне на вашата незаштитена душа желна за внимание, па ќе се заинати да ви ги оствари дури и оние соништа за кои потајно мечтаете. Колку сте му поблиску, тој добива сѐ повеќе храброст да ви докаже дека сѐ она што вистински го чувствувате, можете и да го добиете, секако, благодарение на неговата способност и влијание, но исто така и заради позицијата, угледот, финансиските и другите можности кои ги има.
Лав
Сѐ додека не ја ограничувате неговата слобода, вие сте за него посебна и љубоморно ќе ве чува како ретка скапоценост. И баш затоа, и покрај својата каприциозна природа, секогаш ќе биде тука за вас, дури и кога ќе помислите дека неговиот телефон вечно ќе остане недостапен. Ќе се појави на вашата врата со букет цвеќиња и бонбониера во рацете или токму на она место и во она време кога ќе ви биде потребна неговата помош и сигурна рака.
Девица
Ако вас човек може полесно да ве освои одошто да ве импресионира, на вашиот партнер ќе му биде потребно повеќе време и напор за да ве привлече. А тоа ќе му појде од рака постепено и тоа воглавно благодарение на неговите интелектуални и вербални способности, иако ни неговиот физички изглед не е за занемарување. Напротив, ќе ви застане здивот кога ќе го погледнете таков отмен, воздржан и интелектуално супериорен.
Вага
Сѐ додека ве пази и мази, ве чува како капка на дланка, ви кажува дека ве сака и го покажува тоа со мали, но важни знаци на внимание, вие никогаш нема да се побуните. Сепак, тој може да направи и многу повеќе, особено кога во втор план ќе ја стави својата егоцентричност и суета, заради што на прв поглед и ви бил толку интригантен. Ако ви докаже дека барем нешто од она што го започнал може брзо и да го заврши, ќе успее да ве импресионира.
Скорпија
Вашиот партнер ужива во сите задоволства кои животот ги пружа и тоа со полни гради. Но, ако е толку фасциниран од вас за да се одрече од своите желби во ваша корист, и ако ви ги простува маните, а вашите квалитети ги издигнува до ѕвездите, тогаш сте на добар пат да бидете онаа на која, од него, ќе ѝ застане здивот. Тој може да се одрече од сите пороци, баш тогаш кога ќе помислите дека сите нишки кои некогаш ве поврзувале сега исчезнале.
Стрелец
Како љубител на патувањата и авантурите, него може да го освои девојка која ќе го заинтригира со својот сексапил, но и интелектуално, и ќе му покаже дека е подготвена да го искусува светот заедно со него. Ја сака слободата и својот оптимистичен младешки дух, па тоа го очекува и од својата партнерка. Отворен е во врска со неговите размислувања и чувства, па доколку се заљуби во вас, лесно ќе можете да го „прочитате”, а со тоа всушност тој ви покажува дека делумно се откажал од најважните нешта кои тој ги вреднува – независноста и слободата.
Јарец
Мажите Јарци се исклучително амбициозни луѓе на кои работата и унапредувањето им се многу важни. Упорноста со која работат ја имаат и кога се работи за остварување на која била цел, дури и кога е некоја девојка во прашање. Но, ако нејзините амбиции не се на исто ниво тој ќе се откаже. Ако сакате да го заведете, бидете решителни, самоуверени и дискретни – со него не треба да кокетирате пред сите. Штом тој добие јасни сигнали дека ви се допаѓа, ќе ви даде шанса за состанок, а ако останете природни и се покаже дека сте на исто рамниште, тој со задоволство ќе направи место за вас во неговиот распоред во кој работата го исполнува најголемиот дел.
Водолија
Тој може да издржи без храна и вода, но не може без вашето воодушевување и затоа тоа не му го скратувајте ако сакате да го задржите неговото внимание, без разлика на тоа колку привлечно изгледате. Повеќе од изгледот му импонира вашата професионална и социјална положба, па ќе ве следи во чекор и ќе ви дава безрезервна поддршка на вашиот пат кон успехот. Само кога на тоа ќе помислите, ќе си признаете дека ви застанал здивот.
Риби
Рибите се веројатно највпечатливиот знак кој е подготвен да се жртвува себеси за доброто на другите. Такви се и во врските – безнадежни романтичари кои ќе ве опсипуваат со подароци, внимание и искажување на емоциите. Него ќе го освои храбра и спиритуална девојка која ќе му помогне да ги оствари своите соништа, цели и фантазии. Вие треба да сте поцврстата личност од двајцата, па затоа не плашете се да го направите првиот чекор.