Опсесивни, манипулатори, сомнителни, сакаат да се одмаздуваат… Има вистина или сето ова е само предрасуда за хороскопскиот знак кого го бие најлош глас во Зодијакот?
Кога ќе се спомне Скорпија, прва асоцијација е желбата за одмазда, но нивото вистинско оружје е само вештата комуникација и честото користење на хумор, дури и во најтешките ситуации.
Скорпиите се страствени вулкани, но не и романтичари. За нив љубовта е збор како и секој останат, а сексот е врвно сензуално задоволство и смисла на животот.
Лицата родени во овој знак имаат изразена доминантност, па со оглед на тоа што по природа се бунтовници ќе се потрудат да ги променат сите и да ги надвладеат.
Скорпиите ништо не може да ги изненади, во секој момент се подготвени за борба. Тоа е уште една нивната карактеристика, која за жал често ги доведува до проблеми затоа што несвесно го бираат секогаш потешкиот пат.
Во работата се вредни и успешни, но колегите често не ги сакаат и затоа ги оговараат зад грб. Дополнителна причина за лошата репутација на Скорпиите е тоа што на сите им ја кажуваат вистината во лице, без разлика дали е добра или лоша.
Ако добиете комплимент од Скорпија, знајте дека вистински го заслужувате, затоа што овој знак никогаш нема лажно да ви ласка од било која причина.
Во љубовните врски искреноста им е пред сè, дволичноста и претворањето го мразат повеќе од било што, па затоа немојте да мислите дека кај нив ќе ви помине дволичноста.
Често се караат затоа што партнерите не им ја разбираат посесивноста, додека истовремено бараат слобода за себе.
Скорпијата никогаш нема да попушти пред партнерот до љубов, затоа што цврсто ја следи својата природа и смета дека треба да се држи до ставовите кои ги има.
Последната карактеристика која навистина ја краси секоја Скорпија без исклучок е таинственоста.