33-годишната „беспрекорна“ поп дива изгледа дека сепак не е толку совршена, туку како секоја останата жена се соочува со акни и нечиста кожа.
Вчера на фан страната The Beyonce World беа објавени околу 200 нефотошопирани слики од Бијонсе, поточно од снимањето на рекламата за Лореал во 2013-та.
На нив Бијонсе буквално се бори со нечистата кожа под неколкуте слоја пудра и бронзер.
Во истиот момент кога сликите беа објавени, реакциите и коментарите на социјалните мрежи се поделија.
„На мене ми изгледа како страствен пушач“ гласеше еден поискрените твитови.
Од друга страна пак, чести беа и коментарите од типот „Бијонсе штотуку докажа дека е вистинска личност и природна убавица“.
Серијата од необработени фотографии кои ја прикажуваат 33-годишната пејачка во кампањата за оваа козметичка куќа датираат од 2013-тата година, меѓутоа овие фотографии не докажаа ништо ново, освен фактот дека Бијонсе има маани како и сите останати жени на светот.
Всушност фотографиите ја прикажуваат несовршената кожа на лицето на познатата пејачка која е прекриена со јака шминка. Фотографиите кои завршиле во оваа кампања се алармантно поинакви од оригиналот.
Токму затоа обожавателите на Бијонсе велат дека се повеќе шокирани од сеприсутниот и општоприфатен Фотошоп, додека овие фотографии ја прикажуваат нејзината реална убавина.
Всушност, ако подобро размислите, Бијонсе изгледа исто така прекрасно и на црвениот килим каде што нема Фотошоп, па сосема оправдано е нејзините обожаватели да бидат бесни и тоа многу повеќе за самото максимално ретуширање на нејзиниот изглед, отколку на самото протекување на фотографиите.
Бијонсе впрочем изгледа многу слично како и сите останати жени на светот…
Еве како изгледаше и кампањата на L’Oreal: