Моделите на долна облека за крупни жени, што е еден вид револуција и пробив кон прифаќањето на позаобленото тело, гордо беа претставени на Њујоршката модна недела.
Ова се моделите на Ешли Греам. Секоја од манекенките ги носеше своите парчиња долна облека со голема самодоверба.
– Секој заслужува да биде претставен рамноправно. Жените со заоблени тела се прифатени, претставени, и ставени на приоритетно место во модната индустрија. Тоа го докажа оваа ревија – вели Ешли.