И познатите убавици имаат комплекси! Еве кои се…

popara24 декември, 20151min00
4

Иако секогаш се дотерани и блескаат каде  и да се појават, некои славни убавици не се задоволни од својот изглед. Без оглед на комплиментите кои ги добиваат, холивудските ѕвезди даваат непримерни изјави како им сметаат нивниот премал задник, целулит или широки рамена.

Анџелина Џоли

Една од секс симболите на холивудската сцена не ги сака своите усни, бидејќи се преголеми.

Џенифер Лопез

Многумина ќе речат дека нема причина за тоа, но секси пејачката не е задоволна од својот голем задник.

Скарлет Јохансон

Иако повеќе пати е прогласена за најсексапилна дама во Холивуд, оваа позната актерка е незадоволна со својот изглед. Како што истакнала повеќе пати, не ги сака на себе округлите образи и тоа што има кратки нозе.

Никол Кидман

Популарната актерка не сака што е премногу слаба и има тело како на дете. Нејзина желба е да има облини и некој килограм повеќе.

Џесика Алба

Познато е дека оваа актерка е самокритична и не дозволува на себе вишок килограми и опуштена кожа. Затоа секојдневно вежба и оди во теретана. Џесика во една прилика истакнала дека е незадоволна што има опуштени гради и широки колкови.

Кетрин Зета Џонс

Познатата актерка која мами воздишки кај машката популација и денес, не ги сака своите очи. Во едно интервју ги нарекла „дупки во песок“.