
Сите ја паметиме серијата со која почна латинскоамериканската телевизиска инвазија на Балканот. Актерите од „Касандра“ и денес се дел од голем број телевизиски серии иако тие веќе не се прикажуваат кај нас.
Поминаа повеќе од две децении од прикажувањето на „Касандра“, а времето не влијаеше премногу врз изгледот на Освалдо Риос, Порториканецот кој во серијата го играше главниот лик Луи Давид и братот-близнак Игнацио.

