
Британската манекенка била модна ѕвезда во 80-тите и 90-тите, но на последната кампања покажала дека сè уште не ѝ е време за пензија.
Наоми Кембел уште еднаш покажала дека е еден од најдобрите модели во светот на модата. Неодамна ја промовирала долната облека на една италијанска модна куќа, и покажала дека на 45 години изгледа навистина прекрасно.

Во деведесеттите години Наоми била меѓу најдобрите три модели во светот, и една од шест кои биле прогласени за супермодели.

Во меѓувреме, минатата седмица учествувала на модна ревија во Париз.

Британката оставила малку на имагинацијата, шетајќи на пистата во високи потпетици и минијатурно бикини.
