
Хелена Кристенсен е една од славните супермодели која својата кариера ја започна во 90-те, а денес е еднакво атрактивна како и пред две децении. Во што е тајната?

Има 46 години, но оваа манекенка и денес е барана во модниот свет. Славната убавица од Данска изгледа барем дваесет години помладо на неодамнешното снимање за францускиот магазин Madame Figaro, а тоа го покажа и на одморот во Италија.

Таа било да е во бикини или топлес, Хелена нема што да се крие бидејќи изгледа прекрасно.

Многумина се прашуваат која е нејзината тајна, но убавата Хелена се колне на добрите гени, а открива дека и’ помага и редовното вежбање.

– Никогаш не сум била на диета, бидејќи едноставно ја обожавам храната. Имам добар метаболизам, а започнав активно да тренирам дури во своите 30-ти. Започнав бидејќи сакав да ги зацврснам моите мускули. Сакам интензивни спортови, како боксот, рече Хелена, која позираше топлес за познатиот француски магазин.

А кога не позира, убавата манекенка сака да поминува време со својот син и партнерот.

– Сакаме времето да го поминуваме на свеж воздух, преку викендот сме на планина или пак околу Њујорк, раскажува убавицата која на прагот на 50-те е еднакво атрактивна како во 20-те.

Гледајќи ја на неодамнешните фотографии, таа како ниту ден да не остарела откако глумеше во легендарниот спот на Крис Ајзак, Wicked Games, сега веќе далечната 1991-ва.