Тој е “тежок” 820 милиони долари и би можел да си дозволи да поседува огромна вила каде и да посака во светот. Дури и остров. Но, тој сепак не го сака тоа.
Тони Хсиех, директор на онлајн компанијата “Zappos” која продава чевли, порадо би го живеел животот како обичен човек, па наместо вила тој живее во камп приколка сместена во парк во Лас Вегас.
Хсиех важи за еден од најштедливите милионери, но си дозволил да купи цел парк на приколки во кој живее. Тоа го направи откако минатата година го продаде својот стан на 23 кат на луксузна зграда во Вегас, пишува “New York Times”.
Сепак, неговиот камп не наликува на оние озогласените, а неговите приколки се сребрени приколки од марката “Airstream”, чии модели се продаваат и по цена од 48.000 долари. Триесетина приколки се уредно паркирани, а секоја од нив располага со 19 квадратни метри простор.
Останатите приколки се наменети за другите успешни бизнисмени од Силиконската Долина, кои привремено би живееле во нив. Во секоја приколка се наоѓаат два телевизори, стерео систем и дрвени прегради. Голем минус е тоа што возрасните многу тешко се тушираат во минијатурните тушеви.
Хсиех на својот парк му го дал името “Llamapolis”, во чест на апаката Марли со која живее во приколката. Со нив живее и едно куче мешанче.
Во кампот сите се собираат околу логорски оган, а постојат и заеднички кујни. Навечер, жителите на кампот заедно гледаат филмови кои се прикажуваат на голем монтажен екран, а Тони е убеден дека заедничкиот простор создава средби во кои се раѓаат идеи. Својата приколка ја смета за своја спална соба, а логорскиот оган за дневен престој.
https://www.youtube.com/watch?v=s24BaOcBnC8