Ова е навистина шокантна, но на еден посебн начин интересна љубовна приказна. Глигор Колинс имал 32 година кога побарал работа за нега на постара жена. И тогаш се запознал со Марија Алтман која тогаш само што наполнила 92 години. Таа средба била пресудна да започнат едно ново подглавје од нивниот живот и да се роди нешто убаво, барем за нив.
” Никогаш претходно не бев видел толку елегнтна жена, а сепак со нешто детинесто во неа. Кога се запознавме ме слушаше не со уште, туку со срцето, внимателно и смирено. Таа средба го промени мојот живот, а верувајте не ме маѓепсува така лесно некоја жена – вели Колинс
Она што е најинтресно е што воопшто немале осудување од околината, дури и другарите на Колинс го подржувале во оваа љубов.
“Иако разликата во годините е околу 60, ние се чувствуваме како да имаме 20 години”, додава Колинс.
Четири години подоцна, откакопарот бил во врска 37 месеци, Марија починала на 7 февруари 2011 година.