Имала односи со двајца мажи во текот на седум дена и родила близначки од различен татко

popara10 мај, 20151min00
3

Судската постапка за исплата на алиментација за близначки завршил во американското гратче Патерсон сосема неочекувано, откако ДНК анализата покажала дека тужениот маж е татко само на едно од девојченцата.

Судијата на вишиот суд во округот Пасејик, во сојузната американска држава Њу Џерси, пресудил дека мајката на близначките родени во јануари 2013 година може да побарува алиментација од тужениот за само едно дете и ја одредил во износ од 28 долари неделно.

Ретко се случува жена да роди близнаци од различни татковци, меѓутоа тоа е можно кога жената има сексуален однос за време на овулација со двајца мажи во кус интервал меѓу 48 и 72 часа. Жената изјавила дека имала односи со двајца мажи во текот на седум дена.

Во американската судска практика, инаку, ова е трет ваков случај. Претходно вакви случаи со двојно татковство на близнаци се регистрирани на судовите во сојузните држави Колорадо и во Њујорк.

Овој феномен научниците и лекарите го утврдија во 1970 година. Но тој е многу редок што еден од водечките експерти за ДНК анализа во САД, Карл-Ханс Вурцингер од познатата лабораторија „LabCorp“, вели дека на суд се пријавуваат само шест вакви случаи годишно. Тоа произлегува и од зголемениот случај медицински техники за вонтелесно оплодување, додава.

Во 1997 година, стапката на инциденца на близнаци од различни татковци бил еден наспроти 13.000 случаи на проверувано татковство, или 0,008 отсто, велат американските експерти, споредувајќи го овој феномен со истовремено паѓање на две топчиња во дупка за голф. Не постои база на податоци за ваквите случаи, меѓутоа експертите сметаат дека овој феномен е во пораст со современите техники на репродукција.

 

escort - Korsan taksi - anlaşmalı boşanma -

loodgieter den haag