Невнимателниот пар наводно мислел дека не е изложен на непосакувани погледи, но во блискиот бар дури и бендот престанал да свири затоа што сите ги интересирала „претставата“ која тие ја подготвиле.
Двајца невнимателни работници одлучиле за време на викендот да имаат секс во канцеларија во Кристчрч. Нивниот чин можеби би останал незабележан, доколку не ги оставиле уклучени светлата и на посетителите на блискиот бар не им приредиле вистинска претстава.
Многу брзо биле вклучени камерите на многу мобилни телефони, а фотографиите и видеозаписите од „шоуто“ собрале илјадници лајкови и коментари на социјалните мрежи.
Од компанијата чии работници се предале на страста, кажале дека е започната истрага, како и дека се разочарани од однесувањето на колегите.
А парот, наводно мислел дека затемнетите стакла ќе бидат доволни за да ги спречат несаканите погледи.
Но, ги виделе сите, па според пишувањето на тамошните медиуми, дури и бендот кој настапувал во барот престанал да свири, затоа што сите биле позаинтересирани за случувањата во блиската канцеларија.