Интересен тест со орхидеи кој го открива вашиот карактер

popara8 јуни, 20151min00
2

Според психолозите, формите и цветовите кои ви се допаѓаат, ги откриваат вашите карактерни црти. Ви даваме 10-тина секунди да ја погледнете оваа фотографија и да одберете која орхидеја ви се допаѓа најмногу. Не размислувајте многу околу тоа, едноставно одберете ја онаа која на прв поглед ви се чини најпривлечна.

А сега прочитајте што кажува вашата омилена орхидеја за вашиот карактер:

1. Секогаш имате јасна слика за она што го сакате и ништо не може да ве спречи да го добиете тоа. Многу сте самоуверени, иако понекогаш тоа знае да ви донесе и проблеми. Вие никогаш не се сомневате со себе и своите способности. Сакате да патувате во далечни земји да и го откривате непознатото. А штом ќе си ја остварите зацртаната цел, веднаш си поставувате нова.

2. Вие сте екстровертна личност која се „храни“ од туѓото внимание. Сакате да бидете забележани и внесувате драма во секој аспект на вашиот живот. Поради тоа и имате актерски способности и уживате да бидете пред публика. Едноставно знаете како да комуницирате со толпата.

3. Вие водите спокоен живот и сте благодарни на секое мало „чудо“ кое што ќе ви се случи. Сметате дека е важно да се зачува мирот и спокојот во односот со блиските, макар и по цена да си ја проголтате гордоста. Го очекувате најдоброто од луѓето и имате поставено високи морални вредности. Ве препознаваат како мила и драга личност. Вашето мото е: „Секој заслужува втора шанса“!

4. Што и да направите, вие оставате малку чудна слика во очите на другите. Никогаш не сте се чуствувале целосно „нормални“. Имате чудно хоби, сакате поинакви нешта од останатите, едноставно размислувате поинаку од другите. Сакате да водите поекцентричен живот!

5. Вие сте забавна и интересна личност, која не сака никогаш да претерува во нештата и да се доведува до непријатни ситуации.  На сите можни начини избегнувате екстремни ситуации и ја обожавате онаа „златна средина“ во сите аспекти од животот, освен во љубовта. Кога станува збор за љубовта – сакате да ја примате и давате до последниот атом. Поемотивни сте отколку што останатите ве доживуваат на прв поглед.

6. Вие сте срамежлива и чувствителна личност, која многу лесно може да биде повредена од другите. Често се сметате себеси за „аутсајдер“ и ги потиснувате вашите желби и интереси. Не сакате да бидете наметливи. А и имате недостаток на самодоверба, иако често тоа е без причина.