Клаудија Аленде минатата година се натпреварувала за „Miss Bum Bum”. Иако не победила, ненадејно доби слава на интернет поради нејзината неверојатна сличност со познатата актерка Меган Фокс.
Интернет порталите, форумите и онлајн изданијата на машки списанија „полудеа“ поради бразилската манекенка, 20-годишната Клаудија Аленде.
Клаудија живее во Парана, а минатата година се натпреварувала за „Miss Bum Bum”. Зачудувачки, Клаудија ја добила титулата за најдобар задник, но затоа, речиси преку ноќ, стана интернет сензација.
Имено, Клаудија ја заинтригира интернет јавноста поради нејзината неверојатна сличност со 29-годишната актерка Меган Фокс. Но, за разлика од Меган (за која се верува дека имала неколу естетски зафати на лицето, вклучувајќи го нејзиниот нос), Клаудија вели дека немала ниедна пластична операција.
На Инстаграм, Клаудија моментално брои 1.2 милиони следбеници, а на Твитер, каде што исто така сака да објавува секси фотки, има 34.000 фанови.