Сара Мекданиел до пред неколку дена беше само уште една згодна девојка на Инстаграм. Но, веќе денес приказната е поразлична – сега ја следат дури 45 илјади луѓе…
На корисниците на Инстаграм толку многу им се допаднаа нејзините необични очи па прекрасната Сара во неколку дена собра неколку десетина илјади фанови.
Нејзиниот случај е многу редок и се вика “Heterochromia iridium”, а со него се раѓаат шестмина на секои илјада луѓе.