Искрено писмо од еден татко кое секоја жена треба да го прочита: Каде се крие вистинската убавина?

popara3 октомври, 20151min00
16

Таткото ѝ пишува на својата ќерка писмо кое планира еден ден да ѝ го даде за да го прочита. Но, ова писмо е и за сите девојчиња кои сакаат да слушнат што би им кажал секој татко.

Тој потсетува дека никој не може и не смее да ја дефинира женската убавина, но многумина ќе се обидат.

Свесен за вистинската и природна убавина на секоја жена, тој не сака еден ден неговата ќерка да го замаскира своето лице и да го менува со шминка.

Затоа се обидува преку писмото да ја убеди да не се покорува на типичната претстава за жената која ја нудат медиумите.

Ова е неговото писмо:

„Драга малечка,

Додека ти го пишувам ова седам во одделот за шминки во една локална продавница.

Неодамна еден пријател ми прати порака додека се наоѓав на слично место и ми рече дека се чувствува како да е на едно од најсуровите места во светот.

Затоа сакав да се обидам да разберам зошто е тоа така. Сега, кога седам овде, почнувам да го разбирам. Зборовите имаат моќ, а зборовите кои се на рафтовите со шминка гледам дека се многу моќни.

Кога стануваш родител на девојче, сфаќаш дека таа е силна како и сите други, таа е сила на која треба да сметаш, огнена душа со исти желби и страсти кои ги имаат сите други.

Сепак, додека седам во делот на продавницата каде што се нудат шминки, гледам дека повеќето нема да ја видат како таква.

Ќе ја видат како убаво лице и тело за уживање. Ќе ѝ кажат дека мора да изгледа на одреден начин за да може да биде забележана.

Но, зборовите имаат моќ и можеби, само можеби, зборовите на таткото може да се натпреваруваат со зборовите на светот.

Можеби зборовите на таткото ќе му помогнат на девојчето да го претворат шамарот на институционалниот срам во сигурно чувство за сопствената вредност и убавина.

Зборовите на таткото имаат поинакво значење.

Сила

Твојата сила нека не биде во ноктите, туку во срцето. Разбери која си, а потоа можеш успешно да се пробиваш низ животот.

Избери го својот сон

Пронајди тивко место во себе и посади ги вистинските соништа. Откриј што сакаш во овој свет, а кога ќе разбереш – продолжи со тоа, со интегритет и надеж.

Голотија

Светот сака да се разголиш. Но, ти извади ги само ракавиците. Кажи што имаш во срцето. Биди ранлива. Ризикувај. Сакај ги сите, дури и оние кои едвај знаат што е љубов. Прави го тоа отворено и разголено.

Безгрешно

Биди секогаш свесна за едно нешто – не постои безгрешност. Тоа е илузија која ја создаваат луѓето кои се заинтересирани за твојот паричник. Ако одбереш да го бараш совршенството биди благодарна за тоа која си и поради сите кои те опкружуваат.

Пркоси им на годините

Твојата кожа ќе добие брчки, а младоста еден ден ќе ти исчезне, но твојата душа ќе остане вечно млада. Секогаш ќе знае како да си игра, како да ужива и како да лудува во овој живот во кој имаме само една шанса. Пркоси му на стареењето на твојот дух.

Беспрекорна завршница

Крајот нема никаква врска со тоа како изгледаме денес, но има врска со тоа каков ни е животот. Затоа, годините живот нека ти бидат подготовка за денот кога ќе дојде крајот. Стареј грациозно, расти мудро, сакај толку многу за со љубовта да ги опфатиш сите луѓе.

Твојата беспрекорна завршница нека биде спокојна прегратка и пат кон непознатото, а твојот живот, дар за секој на кого си му во срцето.

Малечка, ти сакаш сè што е розево и украсено и сигурен сум дека еден ден и сама ќе сфатиш дали шминката е навистина важна.

Сепак, те молам, едно нешто да ти стане важно – последниот збор кој ќе го кажеш пред спиење, кога ќе те прашам, каде си најубава. Збор кој е толку светол што ниеден коректор не би можел да го сокрие.

Каде си најубава? – Внатре!

Од моето до твоето срце,

Тато“

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *

escort - Korsan taksi - anlaşmalı boşanma -

loodgieter den haag