Во последната видео снимка која ја објавија екстремистите од Исламска Држава тие како почетна мета на Балканот ја означуваат Србија, а по неа се закануваат и на другите земји на Балканот.
Како што се наведува во снимката, екстремистите по освојувањето на Србија имаат план за терористички напади во Босна, Хрватска, Црна Гора, Алабанија и Македонија. Во видеото по цитатот од Куранот може да се слушне следната порака.
– Радувајте се сите Балканци, ви се ближат подобри денови, доаѓаат муслиманите, ние сме исламскиот калифат.
Во строфата која се однесува на Србија се вели ” Радувај се Србијо, ќе бидеш дел од Исламот иако тоа не ти се допаѓа… ние сме исламскиот калифат”.
– Босно, еве ти ги муџахедините, ќе падне мртва глава… се вели во делот од текстот кој се однесува на Босна.
– Радувај се Кроатија, ќе падне твојата демократија, правда за сите кои се дел од исламскиот калифат. Радувај се Црна Гора, ние наксоро доаѓаме. Ќе бидеш наше ново место ние сме исламскиот калифат. Радувајте се Албанија, Македонија, Косово ќе го вратиме шеријатот, ние сме исламскиот калифат.