Исповед на фотографката чие дело го дигна светот на нозе

popara7 септември, 20151min00
10

Нилуфер Демир (29) е Турчинката која се нашла на брегот на Бодрум кога морето го исфрлило несреќното момче од Сирија, Ајлан Курди (3).

Демир ја направи можеби една од најпотресните фотографии направени досега, која ја обедини светската јавност во страдањето за трагичната судбина на бегалците од Блискиот исток.

– Брановите го воденеа неговото мало, недолжно лице. Беше во тенка маица и шорц, без појас за спасување. Се скаменив. Малечкиот живот засекогаш е загубен – изјавила Нилуфер Демир за турското издание на CNN.

Турчинката потоа смогнала сили, го зела фотоапаратот и почнала да фотографира.

– Морав. Морав да ја фотографирам таа тажна сцена за целиот свет да го види страдањето на тие луѓе.

Единствено на тој начин можев да го претставам тивкиот вресок на малиот Ајлан. Тој вресок сега одекнува во светот, рекла Демир.

escort - Korsan taksi - anlaşmalı boşanma -

loodgieter den haag