Исповед на поранешна дама за придружба

popara17 јануари, 20151min00
8

– Првото искуство во бизнисот за придружба, го имав неколку месеци по запишувањето на факултетот и тоа сосема случајно. После неколку состаноци со еден пријатен млад дечко, имавме секс, а потоа ми остави 50 € со изговор дека сака сама да си изберам убав подарок по кој што ќе го запаметам. Исто така, ми остави телефонски број од лице, кај кое би можела многу лесно да заработувам пари за време на моето студирање, како дополнителна хонорарна работа. Не ни помислував за што се работи, но ми се допадна идеата – раскажува М. А..

Сé и должам на “Мајка”

Таа тврди дека на студии во Белград дошла од провинција и била оставена сама на себе да се снаоѓа. Со нејзините пари можела да ги покрие само основните животни потреби, како и за книги, испити … Неколку дена, постојано размислувала за понудената можност за работа.

– На телефонскиот број се јави една жена која беше во своите доцни триесетти години, релативно добро позната на јавноста, од светот на шоу-бизнисот. Не сакам да ја именувам дамата, затоа што со тоа ќе и нанесам штета и поради почитта која ја имам кон неа. Ова е жената за која што имавте пишувано пред неколку недели односно Биг Мама. По краткиот разговор со Мајка, како што и се обраќав, сфатив дека ми се укажува убава можност да се сретнам со успешни луѓе од различни сфери на општествениот живот, како и од различни делови на светот – вели М. А..

 

Поранешната девојка за придружба додава дека, за време на својата “работа” успеала да патува и да посети места кои што една просечна девојка на нејзина возраст дури и не може да ги замисли, а не пак да ги посети. Финансиски вели дека, била многу задоволна.

– Понекогаш ми плаќаа во готово, а понекогаш моите клиенти ми купуваа скапи подароци, секогаш со забелешка дека се многу задоволни од моите услуги. Клиентите беа исклучиво од “елитата“, што всушност ми одговараше за моето образование и физичкиот изглед – потенцира М. А..

 

На “работата” си најдов сопруг

М. А. истакнува дека со проституција се занимавала околу четири години, бидејќи неколку месеци пред да дипломира, се омажила. Таа се запознала со својот сопруг, благодарение на Мајка. На почетокот тој и бил постојан клиент.

– Благодарение на Мајка и на нејзините совети сега живееме во еден убав и хармоничен брак исполнет со прекрасни настани и во ниту еден момент не жалам за патот низ кој што поминав – ја завршува својата исповед М.А..

escort - Korsan taksi - anlaşmalı boşanma -

loodgieter den haag