Исповед на порно ѕвезда: „Јас сум обична вработена мајка”

popara9 април, 20151min00
04
Таа е успешна порно ѕвезда која е позната и како љубовница на Ричард Прат.

Кристина Меквин, успешна порно ѕвезда, вели дека таа е само обична вработена мајка.

„Јас сум обична вработена мајка. Работам во порно индустријата“, вели Кристина, на која вистинското име и` е Медисон Ештон.


Меквин има две деца, а неодамна се појави во медиумите и како љубовница на бизнисменот Ричард Прат. Таа раскажала што и` се случило кога отишла по синот во училиште.

„Момчињата се врткаа околу мене. Можев да ги слушнам како тивко го споменуваат моето име. За жал, тие сурфаат на интернет и знаат која сум. Мојот син го прашав што се случува, а тој ми рече дека неколку другари од училиште му рекле ’Еј, твојата мајка е проститутка’“.


„Сепак, тој не се грижел за тоа. Отишол назад на игралиштето затоа што мислел дека тие момчиња и онака се будалести“, раскажала порно актерката, која за време на интервјуто сакала да се насмее, но како што рекла, не можела поради ботоксот во лицето.

Таа навела дека била изненадена поради храброста и зрелоста која ја покажал нејзиниот син Хавиер.


„Многу е сладок. Уште не може да сфати што навистина значи сексот. Се` што му кажувам е дека одам на работа и дека не можам со него да зборувам за деталите, затоа што станува збор за услуги за возрасни“, раскажала таа.

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *