Пред 18 месеци, Сара се запознала на интернет со човек од Милано, во кој веднаш се заљубила.
Таа гостуваше во емисијата на д-р Фил, каде ја раскажа својата неверојатна приказна, пишува Мирор.
Со човекот по име Крис Олсен се допишувала 18 месеци, а во тој период станале многу блиски, па Сара сметала дека тој искрено е заљубен во неа.
Секој ден по 4 часа разговарале на телефон и се повеќе се зближувале, но никогаш не се сретнале очи во очи.
Сепак, тоа не ја спречило Сара да му испрати вкупно 1 милион фунти, кои Крис ги користел за покривање на неговите кредити, хотелски сметки, адвокати и други трошоци.
Верувале или не, Сара си го продала и станот за да му плати кауција кога тој бил уапсен.
Она што е најчудно во целата оваа приказна е фактот што и покрај тоа што Крис бил обвинуван за изнудување на пари, таа верува дека тој искрено ја сака и дека не ја користи.