Истражувањата покажуваат дека постојат типови на жени кои се создадени за неуспех во љубовта

popara8 март, 20151min00
9

Некои жени едноставно немаат среќа во љубовта, а други постојано имаат. Оние несреќните не можат многу лесно да привлечат момче, без разлика на тоа колку се убави. Истражувањата покажуваат дека постојат типови на жени кои постојано се мачат во љубовта. Дали и вие сте дел од овие жени?

Секогаш на второ место

Жената која постојано се труди да ги задоволи сите околу себе секогаш ќе биде на второ место. Мажите не сакаат вакви жени затоа што имаат чувство дека нема никаков предизвик во целата приказна. Жената која постојано му ја исполнува секоја желба на мажот мисли дека прави нешто добро, а всушност го губи.

Во потрага по сродна душа

Често ќе се разочарувате ако очекувате дека љубовта ќе биде како на филм. Секоја мана на вашето момчето ќе биде огромен проблем, поради кој не можете да бидете заедно, но не заборавајте дека и вие имате мани и не сте совршени. Прифатете го каков што е, а ако нешто ви пречи слободно кажете му.

Кралица на драмата

Нема да сте им привлечни на мажите ако од мува правите слон, особено ако сакате нормална врска. Овие жени се љубоморни, а драматизирањето е само начин да привлечат внимание. Никој не сака љубоморни испади и многу брзо ќе ве откачат.

Втора мајка

Велат дека секој маж во жената ја бара својата мајка, што можеби и има вистина во некој сегмент, но мажите сигурно дека не сакаат да бидат во врска со жена со која се чувствуваат дека спијат со мајките. Константното приговарање и третирање на мажот како да ви е дете, ве прават непривлечни.

Опуштете се. Забавувајте се. Бидете спонтани и оставете го мажот да трча по вас, со тоа што ќе го ставате во разни искушенија и предизвици. Дајте му до знаење дека ви се допаѓа, а потоа оставете го тој да си ја заврши работата. На крај, откако ќе бидете со него, бидете онаква каква што сте, бидејќи токму поради тоа тој се заљубил во вас.

escort - Korsan taksi - anlaşmalı boşanma -

loodgieter den haag