Кинеската полиција уапси маж кој денеска истрчал на патека за време на тренинг на Формула 1.
Имено, мажот истрчал на патеката откако еден болид поминал, ја прескокнал оградата и се обидел да влезе во гаражата на Ферари. Обезбедувачите го запреле и го предале на полицијата.
Тој, како што кажал самиот, сакал да влезе и да испроба еден од болидите на Ферари.
https://www.youtube.com/watch?v=dwmEiV6Jb7o