
Многу е важно вашата фризура да ја прилагодите на текстурата на косата и обликот на вашето лице. Со помош на сликите и советите пронајдете ја вашата идеална фризура!
Рамна коса, тркалезно лице
![]()
Идеалната должина на косата е до раменици бидејќи на тој начин визуелно ќе го издолжите вашето лице, а дебелите и рамни шишки ќе ги истакната вашите јаболчници.
Рамна коса, четвртасто лице
![]()
Како и кај округлото лице, идеалната должина на косата е до раменици. За визуелно да го смалите челото, чешлајте ги шишките на една страна, како што е прикажано на сликата.
Рамна коса, лице во облик на срце
![]()
Мега популарната пикси фризура е совршена за вас бидејќи со неа ќе ги истакнете очите и јабол. Другата идеја е боб фризура со неколку подолги слоеви.
Рамна коса, овално лице
![]()
Слоевите кои почнуваат веднаш под очите ќе направат вашето лице да изгледа полно. Жените со овално лице треба да избегнуваат еднолична рамна долга коса.
Кадрава коса, тркалезно лице
![]()
Должината на косата може да биде до рамениците или малку подолга, но секогаш во слоеви. На тој начин ќе биде нагласена структурата на коските.
Кадрава коса, коцкасто лице
![]()
Идеалната должина е онаа до рамениците, ишишана на слоеви од увото до крајот.
Кадрава коса, лице во облик на срце
![]()
За да може да се постигне рамнотежа на кадриците, потребно е е исто така косата да се ишиша на степени.
Кадрава коса, овално лице
![]()
Косата ишишана степенасто ќе ги нагласи јаболчниците.
Ситно кадрава коса, тркалезно лице
![]()
Должината на косата треба да биде до брадата или до рамената, не подолга.