Во Минск во саботата се одржа избор за најубава мажена жена во светот. Титулата „Госпоѓа на Универзумот“ (Мис Универзум) ја понесе Канаѓанката Ешли Брнам.
„Многу сум горда што сум избрана за новата „Дама на Универзумот“. Прва сум од домородните народи во Канада која ја понесе оваа титула, но исто така и прва Канаѓанка“, напишала победничката на профилот на Инстаграм
Изборот за „Мис на Универзумот“ е единствен во светот. Додека на другите избори за убавина е важно учесничките да не се во брак, за учеството на овој избор за убавина тоа не е клучен услов.
Ешли се занимава со глума, манекенство, но е и успешен мотивационен говорник. Пред шест месеци Ешли го кажа судбоносното „да“, а фотографиите од неа и нејзиниот сопруг заземаат значајно место на нејзините профили на социјалните мрежи.
Нејзиниот партнер може да биде горд, бидејќи покрај себе, како што процени жирито на овој избор, ја има најубавата жена на светот.