Добро познатата блогерка и шминкерка Ем Форд неодамна објави неколку селфи фотографии на кои го покажа лицето без шминка.
Бидејќи има проблеми со кожата, нејзините фанови не беа воодушевени кога ја видоа…
Бидејќи навредливите коментари не престануваат, Ем одлучи да сподели со целиот свет низ какви проблеми поминува.
Ем направи видео кое беше за кратко време беше видено од страна на повеќе од 9 милиони луѓе.
“Мојата кожа стана проблематична и шминката стана единственото решение. Долго време се криев, а на крајот се запрашав: Зошто?”, вели таа.
Додека некои го навредуваат нејзиниот изглед, другите пишуваат како шминкањето е една голема измама и дека тоа треба да биде забрането.
На крајот Ем беше во можност да покаже колку е убава, како со шминка, така и без неа.