Изгубена баба зборувала дека нејзината ќерка само што се породила: Никој не ја разбирал што тоа значи за неа!

popara20 декември, 20151min00
1

Ова се случило кон средината на септември во Бусан, Јужна Кореја. Полицаецот Пак, кој само што ја започнал својата кариера во мала станица оваа година, бил уморен после ручек. Кога сакал да одмори, неговиот шеф, полицаецот Ким добил чуден повик за старица која била видена како лута по истото соседство повеќе од еден час.

Било време за акција. Влегол во патролната кола и се упатил кон местото. Пак помислил дека старицата се изгубила, и проблемот брзо ќе биде решен.

Кога стигнал на лице место, пронашол постара жена како држи два пакети. Таа не можела да одговори на ниту едно од прашањата кои и ги поставиле полицискиот службеник и неговиот партнер: која е, каде живее или каде сака да оди.

Таа постојано повторувала дека нејзината ќерка родила бебе во болница, но не можела да се сети на името на својата ќерка. Секогаш кога ќе ја прашале не можела да одговори, само црвсто ги држела пакетите. Набрзо, Пак сфатил дека старицата боледува од Алцхајмерова болест. Многу покомплицирана ситуација отколку што очекувал.

Во неможност да добие било каква информација од жената, полицаецот Пак почнал да бара траги кои би помогнале во утврдување на идентитетот. Во тој момент, нешто му го привлекло вниманието. Таа носела пар влечки. Тоа сугерирало дека таа не може да живее далеку. Пак ја сликал жената со мобилен телефон и ги прашал минувачите дали ја познаваат.

Во надеж дека ќе слушне добри вести, тој се обидел да ја однесе во неговата станица како би ги спуштила пакетите бидејќи изгледале тешко.

Таа одбила да ги спушти пакетите, а полицаецот забележал дека изгледаат драгоцено за неа.

Неколку часа подоцна, конечно пронашол некого кој би можел да ја идентификува. Полицаецот Пак конечно ја дознал адресата и името и жената, па дури и името на болницата во која нејзината ќерка се пораѓа.

По речиси 6 часа, двајцата полицајци ја одвеле старицата во болница да ја види својата ќерка и внуче. Штом ги видела, старицата здивнала и веднаш почнала да ги отвара пакетите. Она што се наоѓало во пакетите ги расплакало дури и полицајците. Внатре имало ладна супа од алги, варен зеленчук и ориз. Во Кореја, со морска трева традиционално се хранеле мајките после пораѓајот, бидејќи морската трева е одличен извор на калциум.

Полицаецот Пак бил трогнат. Оваа жена, која не можела да се сети ни на своето име, знаела дека мора да ја нахрани својата ќерка со супа од алги.

„Јади супа, душо“, рекла со многу љубов.

Нејзината ќерка почнала да плаче додека и дозволувала на мајка и да ја нахрани и да се грижи за неа.

Оваа приказна покажува колку е длабока мајчината љубов. Ако и вие сте трогнати од оваа приказна, споделете ја со вашите пријатели.

escort - Korsan taksi - anlaşmalı boşanma -

loodgieter den haag