
Луси Кеј е 24-годишна девојка со потекло од Нотингем, Велика Британија. Таа се пријавила во познатото телевизиско шоу „Јас имам талент“ за да покаже што умее. Нејзиниот талент е пеењето, а тажната приказна која се чувствува во гласот на оваа девојка сигурно нема да ве остави рамнодушна.
Всушност од Нотингем таа се преселила во Гласгов за да студира музика, но и за да побегне од лошите луѓе кои цел живот ја малтретирале.
Нејзините родители се развеле кога била многу мала, што влијаело на нејзината самодоверба. Состојбата на училиште не била ништо подобра. Луси секојдневно била малтретирана од страна на своите врсници, а во некои моменти дури и се преиспитувала дали треба воопшто да живее поради злоставувањето кое го доживувала секој ден. Нејзината мајка незнаела како да и помогне.
Оваа млада девојка спасот го пронашла во пеењето. Нејзината мајка знаела дека нешто мора да превземе за да гне ја загуби својата ќерка, па ја прашувала со што би сакала да се занимава. Луси како од топ одговорила дека сака да пее.
Таа има проблем со самодовербата. Не се чувствува добро кога луѓето ја загледуваат, но кога е почне да пее, таа делува како да се транспортира на некое друго место. Потребно и е да верува во себе. Јас знам дека таа е многу појака, отколку што мисли, изјавила нејзината мајка.
Луси штом запеала со својот ангелски глас го воодушевила жирито во британската емисија „Јас имам талент“ и ја подигнала публиката на нозе.