Фризерка од Нов Зеланд пронашла начин да ги замолчи троловите кои ја обвиниле дека ги лажирала своите фотки на кои видливо е губењето килограми, така што им покажала нешто повеќе.
Поточно, Симоне Претсчерер на Инстаграм објавила селфи кое ја прикажува трансформацијата на нејзиното тело после строга диета и програма за вежбање. Добила позитивни коментари, но критичарите ја обвиниле дека ја фотошопирала фотографијата.
А иако вели дека тоа не било ниту малку лесно, таа на сите им одговорила со следната фотографија.