Во Турција, во близина на селото Деринкај, постои голем подземен град. Тој е стар околу 3000 години, а се уште не е јасно утврдено кој го изградил, иако се претпоставува дека тоа биле Фригијците, индоевропски народ од античко време, во периодот помеѓу осмиот и седмиот век пред новата ера, а се верува дека истиот бил проширен во добата на Византиското царство.
Ја најдовме пештерата сосема случајно, кога во 1963 година, еден од селаните почна да го поправа својот дом. Кршејќи го ѕидот тој виде премин што води кон подземен лавиринт.
Траги од различни култури
Во текот на подемот на Персиското царство, градот бил користен како населба за бегалците, а подоцна и како скривалиште од инвазијата на Римјаните и Арапите. Исто така, градот нудел одлична заштита од топлите лета и студените зими во Анадолија, а конечно овој град бил напуштен дури во османлиската доба.
Во градот на длабочина од 80 метри можат да живеат до 20 илјади луѓе.
Деринкај се наоѓа во Невшехирскиот вилает во централниот дел на Анадолија во Турција. Според официјалната историја, градот му припаѓало на Медијското царство, првото иранско царство кое од крајот на 8-от до средината на шестиот век пред новата ера се простирал на територијата на Голем Иран, северна Месопотамија и источниот дел на Мала Азија.
Поврзан со уште четири помали градови
Овој импресивен град не е единственото неверојатно археолошко откритие во Турција. Во неговата непосредна близина биле откриени уште неколку други подземни градови, поточно 200 градови од кои најмалку 40 од нив имаат и по три катови. Деринкај сепак е убедливо најголем, а подземните тунели истиот го поврзуваат со уште други четири градови.
Вкупно, сите овие градови би можеле да бидат дом на околу 100.000 жители. Целиот регион, преполн со археолошки чуда, како што се природни пирамиди, подземни градови, градови изградени во карпи… сиот овој регион се нарекува Кападокија.
Научниците веруваат дека градот оди многу подлабоко во земјата.
Деринкај, или познат и како “Длабок бунар”, како најголем подземен град во Кападокија, има 18 катови кои водат до длабочина од 85 метри под површината на земјата. Низ градот тече свежа пивка вода, има неколку вентилациски системи, поединечни станови, продавници, комунални соби, бунари, гробишта, како и посебни отвори за бегство.
Тука се е основано за живот – има вентилација на шахтите, конак, тезги за животни, кујни со печки, винарски визби, штали, училишта, продавници, цркви и гробишта.
Досега биле откриени 52 отвори за вентилација, а исто така било откриено дека не сите извори за вода биле поврзани со површината, веројатно поради стравот на основачите дека би можеле да бидат отруени преку водата.
На туристите им е дозволена посета само во мал дел од градот, така што лавиринтот е заграден, со цел никој да не се изгуби.
Она што е најважно е фактот дека неверојатниот историски град е отворен за посетители, иако тие имаат пристап само до одредени делови од градот. Поголемиот дел од влезовите се тунели кои што се премногу тесни и по нив мора да се лази, а се претпоставува дека причината за ваквата градба била идејата евентуалните напаѓачи да бидат ранливи при нападот.
Влезовите во тунелите се поклопуваат со камени тркала, кои се ставале во одбрана од непријателите.
Влезот го чувала масивна кружна врата која се заклучувала однатре, а секој кат од градот имал своја посебна врата.
Дури и ако противникот успевал да ги надмине, мала е веројатноста дека ќе биде во можност да се врати на површината, без да го познава планот на градот или мапата за лавиринтот.