Ја тужи фирмата бидејќи 12 години примал плата, а не работел ништо

popara22 август, 20151min00
1

Еден железнички инженер од Франција се реши да го тужи работодавачот бидејќи редовно го плаќа, а овој не работи ништо.

Чарлс Симон, службеник во националната француска железница SNCF, 12 години примал редовна плата од 5.500 американски долари месечно, плус бонуси од 600 долари за празниците. Штосот е во тоа што Симон за сето тоа време седел дома и не работел ама баш ништо, ништо за кое во тие 12 години добил вкупно 800.000 долари!

Зошто тогаш тужи? Симон смета дека заслужува отштета затоа што SNCF, како што вели тој, му ја уништиле кариерата. Имено, тој бил суспендиран во 2003-тата, откако открил дека компанијата правела нелегални малверзации во вредност од 22 милиони долари годишно. Откако го пријавил случајот кај локалните власти, шефот го пратил дома и му рекол да причека додека не му најдат друго работно место.

И така поминале 12 години. Сега Чарлс е лут и смета дека постапката на Француски железници му го уништила потенцијалот за големи постигнувања на професионален план. Смета дека не е единствениот што бил „маргинализиран“ на истиот начин и дека неговата тужба и судскиот случај ќе им помогнат и на другите што се нашле во иста ситуација.

escort - Korsan taksi - anlaşmalı boşanma -

loodgieter den haag