Pershing, познатата марка од групацијата Ferreti, во блиска иднина голема надеж полага во класата на моторни јахти со должина помеѓу 15 и 35 метри, на која припаѓа и неодамна претставениот нов модел 70.
Веќе на прв поглед, Pershing 70 делува футуристички и секако, со самата појава, како да оди чекор напред од моделот 62, претставен пред скоро две години, кој инаку може да се смета со првото пловило на новата генерација во флотата на овој познат произведувач.
Динамичните линии и облици, но и новите посебно избрани бои, во комбинација со оригиналниот скулптурален дизајн, јасно ги наговестуваат големите промени.
Оваа јахта изгледа прекрасно бидејќи освен убавиот изглед, таа е опремена со најсовремената технологија. Сè на се Pershing 70 не е мал брод, туку неверојатно модерна, луксузна јахта со високи перформанси која во иднина ќе плови по морињата и океаните во светот.
Сето тоа настанало како резултат на заедничката работа на италијанскиот дизајнер по име Фулвио Де Симони кој е „одговорен“ за гамата Pershing и го води AYT&D (Advanced Yacht Technology & Design ), како и познатото италијанско дизајнерско студио Centro Style.
Години наназад, јахтите на овој реномиран италијански произведувач се славни по својот импресивен погон.
Тука кај моделот 70, задачата му е доверена на парот мотори MTU 10V 2000 M94 од кој секој постигнува по 1.623 KS. Тие се способни овој брод со маса од 42,08 тони да го движат до максимална брзина од 46 чворови.
Ова секако е јахтата на иднината: