
Поп дивата Јелена Карлеуша според многумина е и модна кралица, а со новите фотографии ќе ве остави без здив.

Карлеуша со неподнослива леснотија знае да изненади со нејзиниот беспрекорен стил, а на последните фотографии ги изненади сите со фантастичниот накит со кој ја украси нејзината руса коса.

Откако објави неколку фотографии на кои носи „color block“ костим за капење во кои изгледа фантастично, таа сподели и фотографии на кои градите и се покриени само со прамени од косата и на кои изгледа како модерна Шехерзада.

„Албино пустинска ѕвезда“ напиша ЈК под овие фотографии.


