
Хрватската пејачка Јелена Розга иако има 37 години повторно без проблем го покажува своето тело на социјалните мрежи.

Главен виновник за нејзината совршена форма, како што вели самата, е постојаното вежбање во теретана, како и танцување на настапите. Дека бикините и стојат убаво потврдуваат и бројните лајкови на нејзините фанови кои се воодушевени од нејзиното провокативно издание.

Инаку, таа неодамна токму со оваа провокативна фотографија им се заблагодари на Кочани и Струмица како и на сите нејзини фанови од Македонија.