
Мина Јоксимовиќ е голема обожавателка на Ким Кардашијан, па и одговараат коментарите дека потсетува на славната старлета.
Ќерката на Жељко Јоксимовиќ на социјалните мрежи често објавува селфи фотографии, како и славната Ким, а од време на време објавува и по некоја фотографија од реалити ѕвездата.
Изгледа дека Ким е идол на младата Мина, која со фотографија сакала да докаже дека тие две си личат.
Таа се фотографирала во иста поза, слично нашминкана и со иста фризура како Ким, а колку личат проценете сами.

