Песната и провокативниот спот за само еден ден го најдоа патот до над 200.000 фанови.
Саша Матиќ и „Министерки“ вчера ја објавија песната и видеото за неа насловени „Ѕвер“, која за еден ден се покажа дека е вистински хит.
Имено, видеото за помалку од 24 часа доби над 200.000 прегледи што покажува дека нумерата и провокативниот секси видеоспот се на добар пат да ја обележат годината.
За продукцијата на „Ѕвер“ задолжени беа момчињата од ФМ плеј, која ја сочинуваат новите хитмејкери Филип Милетиќ и Милош Рогановиќ.
Погледнете го видеото и проценете самите за какава нумера и спот се работи во „Ѕвер“ на Саша Матиќ и „Министерки“.