Каде летуваат луѓето на кои парите не им се проблем?

popara3 јуни, 20152min00
18

Тура низ палатите на Индија

Аперсанд Травел нуди кралска тура во три легендарни имоти во Индија, Дворецот на езерата во Удаипур, Умаид Баван палатата во Џодпур и палатата Рамбах во Џаипур. Патувањето вклучува три вечери во секоја од палатите, со ексклузивна понуда во секоја од нив. Пакетот наречен The King of the Castle чини од 1,670,200 долари.

Престој во сите ресорти на Амал Груп

Амал Груп поседува некои од најдекадентните хотели во светот и нуди ултра луксузна понуда наречена Year at Amal која вклучува едно годишен договор за престој во овие хотели. Во светот постојат вкупно 31 ваков хотел, меѓу кои и оној во Токио, во Бутан со поглед на прекрасните храмови и во Шри Ланка. Ваков луксуз гостите можат да си дозволат за 286,000 по човек.

Скијање за супер ѕвезди

Голем дел од скијачките градчиња имаат апартмани за супер ѕвезди чија цена достигнува и по неколку неколку илјади долари за недела. Овие луксузни планински куќички имаат свои домашни кина, сауни, персонал кој се грижи за гостите, готвач и уште многу други нешта за удобство на гостите. Една недела во Chalet Lottie во Гштад, Швајцарија чини од 50,000 долари за недела, додека Chalet N во Австрија дури 232,900 долари за недела.

Каубојски град на духовите

Буч Кесиди се впуштил во Дантон Хот Спрингс, во долина кај планината Телурид во Колорадо, а овде го изгравирал своето име во еден сега познат бар. Дантон Хот Спрингс е рударски камп од 1885 година кој сега е преворен во луксузно летувалиште. Овде можете да уживате во топлите извори, оригинален салун, а целото искуство ќе ве чини 147,000 долари неделно.

Посетете го крајот на светот

Аплицирајте за тура во „Whichaway Camp” на Антарктика, водени од професионални поларни истражувачи. Овој камп има шест капсули за спиење, а патувањето е овозможено само три пати годишно. Оваа авантура чини 71,000 долари за девет дена.

Изнајмете си свој остров на Пацификот

Магнатот кој го поседува „Red Bull” стои и позади Лаукала, луксузно скришно место на Фиџи коа е пристапно само со приватен авион. Можеби е ексклузивно, но се залага и за здравата исхрана и екологијата. На ова место е забрането внесување месо и производство на истото, а има и своја минерална вода. Една недела на овој остров чини 1,068,790 долари за група од 70 луѓе.

Или остров на Карибите

Магионичарот Дејвид Коперфилд е сопственик на Маша Кеј, островчиња на Бахамите достапни за сите кои имаат доволно материјални средства да го посетат. Пикник на песок, прекрасни куќарки на плажа и шанса да играте билијард на стара маса Худини вреди 402,000 за 12 гости.

Сафари од 1 милион долари

Можеби цената ви се чини превисока, но патувањето до „Nature’s Edge” трае цели 111 денови, посета на 12 држави и шанса да ги видите 18 од најзагрозените видови животни. Во оваа авантура ви е овозможено да ги видите белите носорози од хеликоптер во Кенија, да барате тигри во Индија, да видите поларни мечки на Арктикот и да следите желки на островите Галапагос.

Бидете вистинскиот Џејмс Бонд

Пристигнете на Карибите како вистински Џејмс Бонд излезен од акција со агенцијата „Love Holiday”. Гостите одбираат дестинација за посета на Карибите со приватен авион, овозможено им е патување со суперјахта која има своја винарија и користење на домот на Дона Каран во Парот Кеј. Цела оваа авантура чини 494,000 долари за еден пар за 10 дена.

escort - Korsan taksi - anlaşmalı boşanma -

loodgieter den haag