Кајли Џенер наполни 18 години, па нејзиното момче и купи Ферари

popara12 август, 20151min00
01

Раперот Tајга (25) за роденденот на неговата девојка Кајли Џенер, која пред некој ден наполни 18 години, и купи „Ферари“ автомобил вреден 320 илјади долари.

Кајли во неделата органиизраше луксузна роденденска забава во холивудскиот ноќен клуб „Бутси Белоус“.

 

Лукзузниот „Ферари 482“ пријатно ја изненади славеничката која изјави дека „тоа е лудо“ и „во незин стил“, по што заедно со мајка и Крис Џенер, реши да се повози малку и да позира на фотографите.

На роденденската забава се појавија нејзиние сестри, Кендал, Ким, Кортни и Клои, но и Кање Вест, НБА кошаркарот Џејмс Харден и Кејтлин Џенер.

 

Пред еден месец се појавија коментари на оние кои сметаат дека Tајга престар за Кајли, но Клои застана во негова одбрана.

– На 16 години сигурно сум спиела со некој кој имал повеќе од 20 години. Не би рекла дека сме биле во врска, највројатно само сме спиеле. Но, Kајли не е обична 17-годишна девојка, рече Клои.