Мерцедес до сега новата Ц класа ја презентираше во форма на лимузина, седан, караван и купе, а има и планови за кабриолет издание, кој се очекува во текот на 2016 година.
Независни дизајнери, од друга страна, се прашуваат како би можело да изгледа Ц класа во форма на купе со четири врати, а одговорот е на овие неофицијални нацрти.
Значи, тоа е модел кој (ако воопшто некогаш се појави на пазарот) ќе ја пополни празнината помеѓу моделот CLA и CLS, а може да ја носи ознаката CLC, која ќе биде конкурент на BMW Серија 4 Gran Coupe и на Audi A5 Sportback.