Српската фолк пејачка Светлана Цеца Ражнатовиќ има искуство со фубалот откако била претседателка на ФК Обилиќ, па не и било тешко во еден скеч да глуми директорка на мошне необичен клуб.
Цеца уште порано снимила кратко видео во кое упаѓа во соблекувална кај фудбалерите, ги постројува и како нов директор им објаснува што се мора да прават за да остварат што подобри резултати и секако да му донесат пари на клубот.
Цеца им вели да се загреваат, да прават вежби, но и „да дојдат во допир со својата женска страна“.