
Во право сте ако мислите дека мажите сакаат секаков тип на секс, без разлика дали се работи за здодевната мисионерска поза или 69. Но што е она што ги прави жените посакувани и различни една од друга? Вашиот партнер нема никогаш да ви каже дека сте лоши в кревет, бидејќи на крајот на денот тој секако ќе си ја задоволи својата потреба, иако вистината е дека многу мажи мислат дека нивните девојки треба да се потрудат повеќе од лежење и ширење на нозете.
Ако мислите дека не го задоволувате вашиот партнер доволно и дека го правите сексот здодевен, прочитајте ги овие 7 совети кои ќе ве насочат кон тоа што сакаат мажите и ќе ви помогнат да го направите сексот сè освен рутина.
Сексуална фантазија
Ако вашиот партнер ви каже дека нема сексуални фантазии бидете сигурни дека ве лаже. Но пред да му се налутите за лажењето, размислете што би се случило ако ви ги каже своите фантазии?! Дали би ги прифатиле?
Честопати партнерот не ви ги кажува фантазиите бидејќи се плаши од вашата реакција. Ако навистина сакате да ги знаете, бидете подготвени да чуете сè што му паѓа на памет.
Мажите сакаат кога им зборуваме валкано, па затоа за време на односот, прашајте го со секси глас, што сака да ви прави и која е неговата фантазија. Слушнете го одговорот и потрудете се да ја остварите.
Преземете контрола
Не постои ништо посекси од жена која знае точно што сака. Преземањето контрола значи да покажете иницијатива или да му шефувате за време на сексот, додека нему му се врзани рацете, на пример.
Едноставно, турнете го на кревет, врзете му ги рацете над глава и кажете му што сè планирате да му правите.
Пробајте нови секс пози
Кога сме веќе кај преземањето контрола и иницијатива, мажите сакаат кога покажувате интерес за нови секс пози. Пробајте се што ќе ви падне на памет. 69, доги стајл (doggy style), секс на маса, стоечки…
Шефувајте
Кажете му на вашиот партнер што да прави. Не дека тој не знае, но сака да ви го слуша гласот додека имате секс и да се чувствува како да сте лоша учителка која му наредува.
За време на петингот ставете ги неговите раце онаму каде што сакате да бидете допрени и нежно покажете му што сакате да му прави на тоа место. Ако се покаже како добар ученик охрабрете го и пофалете го со секси извици.
Мажите сакаат да ве гледаат
Иако можеби ова ве потсетува на порно видео, мажите уживаат додека ве гледаат додека сами се допирате за време на сексот или предиграта.
Седнете врз неговиот алат и допирајте си ги градите. Во оваа поза партнерот ќе има одличен поглед врз целото ваше тело и начинот на кој се милувате самите. Исто така можете да се потргнете на страна и да го гледате директно во очи додека сами се задоволувате. Не дозволувајте му да ве бакнува ниту пак допира. Ова ќе го излуди.
Бидете гласни
Не срамете се да врескате додека имате секс. Мажите сакаат да ве слушаат, бидејќи тоа ги мотивира, охрабрува и им го крева егото. Врескањето значи дека уживате за време на сексот, а кога вие уживате вашиот партнер ужива уште повеќе.