Секој може да се најде во ситуација да преспие на друго место, а да не понесе со себе прибор за лична хигиена. За таа намена, можете да го земете во предвид ова алтернативно решение
Доколку некое време не сте можеле да ги измиете забите или спаѓате во онаа група на луѓе која се сомнева во индустриските пасти за заби, алтернативната медицина има решение…се што ви треба е малку маслиново масло.
Исплакнувањето на усната празнина со масло е стара техника која потекнува од древните индиски методи, а се користи веќе 3000 години. Се советува да се прави плакнењето околу дваесет минути на празен желудник.
Оваа постапка не остава горчлив вкус во устата. Доколку решите да се откажете од користење на паста за заби, а сепак вашите заби и уста сакате да бидат совршено чисти, овој начин би требало да го правите двапати на ден. Се работи за одличен, а и природен начин за избелување на заби и заштита на непцата. Откако ќе завршите со овој начин на “миење на забите“ исплакнете добро со вода.
Се препорачува обично маслиново, но може и кокосово масло, а експертите советуваат да се избегнува масло од сусам или сончоглед.