Како да ги отстраните брадавиците на природен начин

popara17 ноември, 20151min00
13

Обичните брадавици представуваат заразни брадавичести промени на откриените делови на телото. Причинител е вирусот од групата на папилома вируси. Инфекцијата настанува со директен контакт, поретко со индиректен контакт преку премети или преку автоинокулација (внесување на вирусот на брадавицата на околната здрава кожа кај иста личност). Времето на инкубација изнесува од 1 до 18 месеци.

Брадавиците се тврди, полутопчести со јазолчиња големина како зрно леќа, грашок или грав. Во почетокот имаат боја на кожа, а подоцна поради хиперкератоза добиваат жолто-сива боја. Површината им е нерамна и распукана. Се јавуваат поединечно или во групи (од 1 до 10 и повеќе). Најчесто околу брадавицата која прва се појавила (примарна брадавица) се јавуваат нови (сателитни брадавици). Примарната брадавица секогаше поголема од сателитните брадавици. Најчесто се јавуваат на дорзалните страни на рацете и на прстите на рацете, претжно кај деца и млади. Кај децата што ги грицкаат ноктите може да се јават и под ноктите – субунгвални брадавици, кои многу тешко се лекуваат. Можат да предизвикаат трајни промени на ноктите. Промените покажуваат склоност кон спонтано исчезнување. Сепак, по отсранувањето или спонтаното исчезнување ,може да рецидивираат (повторно да се појават)

ПОТРЕБНИ СОСТОЈКИ

100 мл алкохолен оцет

Рендана кора од 2 лимона

Се мешаат состојките и ставаат затворени во тегла да отстојат една недела.

Со оваа течност се мачкаат брадавиците повеќе пати во денот.

По неколку дена ќе почнат да се сушат и да отпаѓаат.

РЕЦЕПТ СО ЛУШПА ОД ЈАЈЦЕ ЗА ОТСТРАНУВАЊЕ НА БРАДАВИЦИ

За подготовка на овој лек ќе ви бидат потребни две тазе јајца, памук и фластер. Загрејте ја рерната на 250 степени и печете ги лушпите од јајцата половина час врз хартија за печење. Откако лушпите ќе се оладат, иситнете ги добро, а најдобро би било да направите од нив прав. Павот од лушпи се чува во сув, стаклен сад што добро се затвора. Додадете обилно прав врс секоја брадавица, покријте со памук и залепете со фластер. Фластерот треба да го носите 2-3 седмици, а еднаш на секои три дена се менува со нов.

Во прилог ви досатвуваме и видео како  се лекуваат брадавиците со јаболков оцет:

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *