Како да го направите љубоморен?

popara10 април, 20151min00
18

Љубомората додека е во мала мера може да биде и добредојдена. Понекогаш кога се чувствувате запоставено од страна на партнерот, дури е и потребна.

Не треба да претерувате, но доколку преземете некој мал чекор со кој ќе го натерате да се замисли, може да го вратите неговиот интерес.

Ова се 8 начини на кои може партнерот да го направите љубиморен:

1. Флертувајте со други

Играњето со косата и насмевката се само дел од начините за флерт. Важно е само да ја одредите границата до која ќе одите пред очите на вашиот партнер.


2. Смејте се на туѓите шеги

Ако сте во друштво каде некој друг кажува шеги, а вие го забележувате и со постојаното смеење му го придавате потребното внимание, вашиот партнер баш и не би бил среќен.


3. Често истакнувајте некои од познатите машки ѕвезди

Колку и да знае дека тие се некаде далеку и недостапни, не му е баш најпријатно ако постојано слуша колку се згодни или секси, а притоа забележи дека воопшто не наликува на нив.


4. Спомнувајте имиња на машки колеги

Кога ве прашува како сте поминале на работа, покрај обврските и случувањата спомнете и по некое име на колега додека раскажувате за некои кафе-паузи.

5. Имајте машки најдобар пријател

Колку и да знае дека сте само пријатели, никогаш нема да биде 100 % сигурен дека не се случува ништо повеќе со пријателот со кого се слушате секојдневно или секој ден се гледате.


6. Спомнете некои бивши од минатото

Ако не сакате да си создавате дополнителни проблеми кои ќе бидат постојан трн во окото на партнерот, подобро воопшто да не ги споменувате бившите. Но, ако знаете дека брзо ќе му помине, барем за момент може да го направите страшно љубоморен.


7. Поминете некој ден без него

Обидете се да ги избегнете повиците и средбите со партнерот барем еден ден и посветете си го времето на себе без да му појаснувате што сте правеле.


8. Останувајте подоцна на работа

Ако сакате да го направите љубоморен и да го натерате повеќе да размислува за вас, обидете се одреден период да работите прекувремено или да се задржувате после работа. Сигурно нема да му биде сеедно.

 

escort - Korsan taksi - anlaşmalı boşanma -

loodgieter den haag