Постојат три основни вида на мед: природен (чист), фалсификуван и вештачки. Природниот мед се состои од суров мед, фалсификуваниот мед содржи природен мед, но и други состојки, а вештачкиот мед се состои од шеќерен сируп или сируп од пченка, адитиви и бои.
Во продолжение прочитајте како да го препознаете чистиот, природен мед.
Доколку имате можност, купувајте мед директно од пчеларите. Многу пчелари продаваат мед директно на своите фарми за пчели. На тој начин можете да искористите и прилика да поставите прашања околу тоа како го произведуваат медот. Чистиот мед содржи 0% вода. Водата ќе поттикне раст на габи. Немојте чист мед да давате на дете кое е помало од една година.
Прочитајте ја налепницата на медот. Производителите треба да ги наведат сите состојки кои се содржат во медот кои го произведуваат. Ако медот не е чист, тоа треба да го пишува и на налепницата, вклучувајќи го процентот на чистиот мед што го содржи, ако воопшто го содржи.
Потријте малку мед помеѓу показалецот и палецот додека не се распадне. Малку мед ќе се апсорбира во кожата, ако има мед, но чистиот мед е добар за кожата. Природниот мед не е леплив. Ако тој мед што го протривате меѓу прстите е леплив значи дека содржи и шеќер или вештачки засладувачиСтавете неколку капки мед на хартија. Чистиот мед нема да ја пробие хартијата долго време бидејќи не содржи вода.
Ставете малку мед покрај мравки. Пчелите инстинктивно ги градат кошниците на дрвјата и меѓу карпите. Тие го ставаат медот во кошници за да би го заштитиле од штетници, како што се мравките. Мравките нема да го допираат природниот мед.
Измешајте мед со жолчка од јајце. Ако медот е чист, кога ќе го сматите со жолчката, ќе изгледа како да е варена.
Наполнете една чаша вода и додајте една лажица мед. Чистиот мед ќе се згрутчи и ќе падне на дното, а лажниот мед ќе почне да се топи.
Намачкајте мед на парче леб. Природниот мед ќе го зацврсти лебот за неколку минути. Вештачкиот мед ќе го навлажни лебот бидејќи содржи вода.
Природниот чист мед дава чувство на боцкање во устата веднаш пред голтањето. Лажниот мед тоа не може да го постигне.
Гледајте дали медот ќе кристализира во текот на времето. Имитацијата на медот ќе остане мазна како сируп, без обзир колку долго се чува, додека вистинкиот мед кристализира.
One comment
Благоја
4 ноември, 2015 at 21:14
Над 95% се согласовам со напишаниот текст погоре. Има некои работи со кои не се согласувам, а особено со ова: “Чистиот мед содржи 0% вода”.
Било кој нека докаже дека неговиот мед, односно медот што го проиизведуваат неговите пчели не содржи воопшто вода.
На сите пчелари тоа им е познато, а науката истото го докажала: После ферментацијата на медот, и намалувањето на водата која е содржана во нектарот пчелите го запечатуваат медот со восочни поклопчиња. Тоа се случува кога учеството на водата во медот падне испод 20% (тоа најчесто е околу 15-17%, а во поретки случаи и испод 15 %.