За омбре сенчањето сите веќе одамна слушнале. Како голем пролетен хит исто така беше најавено и сомбре сенчањето, но сигурно не знаете што значи фламбојаж и балајаж.
Ова се 4-те супер начини како може да си ја исенчате и освежите косата оваа пролет:
1. Омбре
Постепеното нијансирање на косата, но со драстично осветлување стана апсолутен хит помеѓу холивудските дами кои изгледа се изморија од боење на косата. Така, целиот свет реши дека темните корени и светлите врвови кои порано без неприфатливи, сега се модерни.
https://www.youtube.com/watch?v=xY0SY2HltxQ
2. Сомбре
Сомбрето е помека варијанта со не толку забележително преминување на нијансите. Разликата помеѓу бојата на коренот и на краевите е драстично помала, односно оваа техника е уште попозната како „сонце во косата“ затоа што го има тој ефект на посветли врвови кои се прелеваат на сончева светлина.
3. Балајаж
Балајаж е нијансирање на косата преку мали прамени и оваа техника е наменета за жените кои сакаат малку поприроден изглед. Затоа што се работи за прамени, не мора да се оштетува и гори текстурата на косата, а токму тоа е предност за сите девојки и жени кои имаат тенко и кршливо влакно.
https://www.youtube.com/watch?v=BGw7yz6TJYA
4. Фламбојаж
Последната техника е всушност спој од две претходни – омбре и балајаж. За да се постигне сенчањето фламбојаж се користи леплива фолија за попрецизно боење. Ова освежување на дел од косата е осмислена од Davines тимот, но многу брзо се прошири како светски тренд.