Ако сакате да откриете дали некој ви фрлил црна магија тоа можете мошне лесно и едноставно да го направите во домашни услови. Она што ви е неопходно е малку вода и малку масло за јадење. Натопете го показалецот во садот со масло и оставете точно три капки да паднат во чашата со света вода. Капките ќе ви покажат дали некој ви фрлил црна магија…
Пред да продолжите да го читате преостанатиот тест капнете ги трите капки спонтано, без да размислувате за нивната позиција!
Најдобрата варијанта e трите капки да не се спојат. Во тој случај или не ви направиле црна магија, или пак ви направиле но не ве фатила. Посериозна е ситуацијата ако две капки масло се залепат односно се спојат во една капка, а во случај трите капки ако се спојат во една капка, тогаш сигурно ви фрлиле црна магија и ве фатила.
Повеќето гатачи го споделуваат мислењето дека човек понекогаш сам може да си направи автомагија. Тоа се случува при перманентна состојба на депресија, црни мисли, кукање од утро до мрак за проблемите во животот. Ако ништо не ви оди од рака и не сте среќни – замислете се!
Промената треба да почне од вас!
Доколку не знаете како да си помогнете погледнете го упатството во оваа статија: