Како да потрошите 155 милиони долари како 50 Сент?

popara10 август, 20151min00
7

Веќе знаете, еден од најбогатите рапери банкротираше. 50 Сент е предмет на потсмев на интернетот, фановите дури и собираат пари за сиромашниот рапер, а многумина не веруваат дека останал без цент.

Тие сметаат дека тоа е само “финта” за да не би платил оштета за објавување на порно филмот… сепак, британскиот “Телеграф” дошол до судските документи во кои гледаме на што се Куртис Џексон ги трошел своите пари…

Според пишувањето на британскиот весник, 50 Сент плаќал 72.000 долари месечно за одржување на својата вила и уште 5.000 долари за одржување на градината. Треба да напоменеме дека неговата вила има 37 купатила и 5 џакузи.

Иако во гаражата имал седум луксузни автомобили, со вкупна вредност од 500.000 долари, 50 Сент давал 5.745 долари за изнајмување на Бентли. За хипотека на куќата секој месец издвојувал 17.000 долари, а за осигурувањето уште 13.000 долари.

Раперот го пријавил и расходот од 36.000 долари месечно за “разни трошоци”. На тоа треба да се додадат и 12.000 долари месечно за алиментација која ја плаќа за своите деца, како и 3.000 долари за облека, 2.000 долари за патувања и 9.000 долари за лично обезбедување.

Оваа година, 50 Сент заработил 3,3 милиони долари од музика и уште 300.000 долари од неколкуте свои компании, како и 770.000 долари од глума.

Пред месец дена, 50 Сент прогласи банкрот во моментот кога со судска одлука му беше наредено да плати казна од седум милиони долари поради објавување на порно снимка. Според официјалните документи долгот на американскиот рапер достигнува до 32 милиони долари.