Како да познаете дека сте го освоиле?

popara6 мај, 20151min00
6

Кога некој ви се допаѓа или сте на почеток од врска, сигурно умирате од желба за да дознаете дали и тој го чувствува истото, да препознаете некој знак кој ќе ви даде некоја сигурност дека не си го губите времето залудно.

Токму хороскопот ги открива најважните знаци по кои ќе препознаете како се однесува секој знак кога е заљубен:

Овен

Тој има неконтролирана потреба да ја заврти главата во правецот каде што сте вие во близина, обидувајќи се да направи контакт со очите. Секојпат кога ќе го погледнете, забележувате дека гледа во вас, ни скришно ни нападно. Ова се први очигледни знаци дека Овенот флертува со вас.


Бик

Се накашлува кога се обидува да разговара со вас, бидејќи неговиот ум станува збунет од вашиот глас. Исто така, кога се приближува, ако се случи да разговара со други, тој се обидува да ве допре. Тоа е негов начин да покаже дека е заинтересиран за вас и им покажува на другите да се држат понастрана.


Близнаци

Ве допира со прстите и има потреба да ја стави својата рака преку вашите рамена. Исто така се обидува да комуницира без некоја посебна причина, само сака да разговара со вас. Може и да ви пише смс само со намера дека сака да контактирате.

Рак

Градите му се раширени како на петел, а стомакот може да му го смири само бакнеж. Знак дека е длабоко вљубен е руменилото на образите. Иако луѓето имаат тенденција да поцрвенат кога ќе добијат комплимент, ова е очигледен показател дека тој има посебни чувства кон вас.


Лав

Чувствува како му чука срцето во градите и ладна пот му поминува по грбот. Покрај тоа, тој станува витез и господин кој знае како да се однесува во ваше присуство. Ако не сте му важни, не му е важно ниту што мислите за неговото однесување, па не се труди нешто посебно.


Девица

Го губи апетитот, а стомакот му е полн со пеперутки секојпат кога ќе ве види. Тој сака да ви помогне околу работата, се нуди да ве одведе до дома или да ве почека. Тоа се знаци дека е заљубен.

Вага

Кога љубовта влегува во душата, тој се чувствува целосно. Ќе го подобри својот изглед за кратко време. Кога еднаш ќе ја најде својата сродна душа, тој вложува непрекинат напор за да ја импресионираат.


Скорпија

Што се однесува до неговиот емотивен свет, тој не може да биде лут подолго од два часа, од која било причина. Кога е заљубен, не може да држи лутина, бидејќи и него тоа го боли. Ако се труди да се извини или да го прифати извинувањето, тоа значи дека навистина сте му важни.


Стрелец

Тој сака постојано да игра и секогаш се чувствува како да трча на маратон. Од друга страна, тој би ја жртвувал сопствената среќа за вие да бидете среќни. Тоа може да биде нешто мало, како избор на ресторан, поголем дел од јадењето и слично.

Јарец

Му се тресат и колената и вилиците од страв. Чувствува како да се топи, но глуми дека е сè во ред и нема ништо да ви покаже. Исто така, кога ќе се заљуби, дури и ако е зафатен, вам ви дозволува да си поиграте со него.


Водолија

Неговиот крвоток се чини дека работи побрзо. Тој навистина чувствува љубов и тој стои покрај вас во која било положба, без давање посебно внимание на она што го правите. Тој ќе биде покрај вас  дури и ако не сте во право. Може да има поинаков став приватно, но не и во јавност.


Риби

Неговите нозе мрдаат дури и кога седи. Кога тој е заљубен тоа го покажува на секој начин. Ако одите на пат или ако само се возите со пријателите, тој ќе ве побара за да биде сигурен дека сте стигнати и дека сè е во ред. Тој е човек кој може да се опушти само ако знае дека вие сте добри.

escort - Korsan taksi - anlaşmalı boşanma -

loodgieter den haag